Предлог листа на активности за младите…
Еуфоријата во републикава што се создаде со успешните настапи на нашите резентативни селекции во кошарка (пред неколку месеци) и ракомет (сега) – а оправдано поттикната од страна на Агенцијата за млади и спорт – треба да се искористи што е можно повеќе млади да се зафатат со спортски активности… за свое добро, како и за добро на нацијава.
Јасно е дека кошарката и ракометот се стекнаа со многу нови кандидати… но, во зависност од личните предиспозиции и условите може да дојдат во предвид и други колективни и поединечни спортови:
- Кревање тегови
- Атлетика
- Боречки спортови
- Боречки вештини
- Аикидо (Спорт само во смисла на физичка активност. Нема натпревари.)
- Реален Аикидо
- Карате
- Кунг-Фу
- Џудо
- Велосипедизам
- Водени спортови
- Воздушни спортови
- Гимнастика
- Зимски спортови
- Лизгачки спортови
- Стрелаштво
- Рекетни спортови
- Столни спортови
Се надевам дека е дојдено времето кога илјадници млади ќе согледаат оти е глупаво да се инвестира време и пари во кафански натпревари од типот кој може повеќе да испие пред да падне под маса… а да не споменувам цигари и дрога…
Блог избор [Јануари, 2012] | Кригла Пиво Said,
февруари 1, 2012 @ 1:32 am
[...] Предлог листа на активности за младите… (Ѕвер) [...]